координира св. и несв.

координира (св. и несв.)

Терапевтот бара содржаен јазик кој ги координира физичките состојби.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тито го уверил Маклин дека по изготвувањето на планот тој ќе им издаде наредба на своите команданти на теренот да ги преземат сите мерки за да се спроведе во дело планот во договор со неговите офицери на самото место, чија задача ќе биде да ги координираат операциите кои ги изведуваат партизаните со акциите на сојузничкото воздухопловство.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Терапевтот будно ги следи телесните реакции на Лена, координираат ритамот на нејзиниот говор и дишење, поставувајќи прашања кои отвараат простор за нови нарации: Ако таа го напушти бракот од љубов и страст за да биде верна како телесните добра сопруга и добра мајка во стабилен дом, кои настани ќе ја обликуваат нејзината иднина во годините што доаѓаат?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А над сето тоа, сосем анонимни, беа раководните мозоци кои ја координираа целата работа и ги утврдуваа основите на политиката од која произлегуваше кој дел од минатото треба да биде зачуван, кој да биде фалсификуван, а кој да биде избришан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овој јазик многу моќно ги координира телесните состојби на учесниците во дијалогот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се чувствуваше слаб и немоќен за да може болката повторно да се бори со множеството детали, со нештата што требаше да се координираат, една работа да се вклопи во друга, прво ова да се направи, а потоа другото да следува, целата конструкциска скица да напредува со точен редослед, и соодветниот човек и соодветниот материјал да бидат на соодветното место и соодветното време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дојдов да ги координираме акциите, да побарам совет што да правам, како да бидам корисен, како да бидам уметник во овие матни времиња...
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се веруваше дека Арафат не успеа да остане на висината на предизвикот што му го понуди историјата, најпрвин поради фактот што војната и мирот, револуцијата и раководењето, тешко се сообразуваат, координираат во исти личности, при што водачите на револуциите, на движењата за слобода ретко стануваат и најдобрите градители на државите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потребно е најблиската сојузничка врска да ја координира акцијата, така што операциите а воздушните сили да постигнат најдобри резултати.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Така, во периодот од јануари до септември 1944 година, тимови што биле составени од еден британски СОЕ војник, еден американски ОСС војник и еден офицер од земјата во која биле испратени, биле упатувани во земјите на окупирана Западна Европа за да ги помогнат движењата на отпорот и да ги координираат заедничките операции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Овие истражувања покажуваат“, тврди Кауфман, „дека системите во комплексниот режим можат да спроведат и да координираат и најсложено поведение, најлесно да се прилагодуваат и да градат најполезни модели на нивните околини.“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сотир Паскали веднаш стапи во акција, со нив ја координира програмата за престојот на Камилски во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)